Димитриев на состанок на шефови на влади од земјите од средна и источна Европа и Кина

Од:

 Претседателот на Владата на Република Македонија за спроведување на изборите, Емил Димитриев, и владина делегација денеска во латвискиот главен град ќе присуствува на Петтиот состанок на шефовите на влади на земјите од средна и источна Европа и Кина, состанок кој е централна точка на Самитот на земјите од средна и источна Европа и Кина.

Овој Самит се одржува петта година по ред, и негова основна цел е унапредување на мултилатералната соработка на земјите учеснички, како и унапредување на билатералната соработка на секоја од земјите учеснички со Народна Република Кина. Како дел од досегашната соработка, поголем број на земји учеснички веќе се во фаза на реализација на економски, инфраструктурни, трговски, културни и социјални проекти.

Република Македонија реализира проект за изградба на автопатите Скопје – Штип и Кичево – Охрид.

Како дел од активностите на маргините на Самитот, во текот на денешниот ден и во недела, премиерот Димитриев ќе оствари политички и економски средби, меѓу кои е предвидена и средба со кинескиот премиер Кечијанг Ли.

Владината делегација ќе присуствува и на бизнис форумот кој е во организација на Република Латвија и Народна Република Кина, а на кој ќе присуствуваат премиерите на земјите од средна и источна Европа.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски