Ракометната репрезентација на Македонија гостува кај Чешка во рамките на второто квалификациско коло за пласман на Европското првенсто во 2018 година. Македонија е комплетна за овој дуел, додека Чесите ќе настапат без својот најдобар играч Филип Јиха. Македонија квалификацискиот циклус за пласман на Европското првенство го започна со сигурна победа над Украина (27-21), додека Чесите беа поразени на Исланд (25-24).
Македонские ракометари, во средата, одиграа добар меч против Украина ги запишаа планираните бодови и што е најважно селекторот Червар успеа да доволно да ротира меѓу играчите за да ја сочува свежината за значајниот меч во Плзен.
Чесите, сепак, се поквалитетен тим од Украина, тим кој бара начин да им се одмазди на „црвено-жолтите“ за елиминацијата во претходниот квалификациски циклус за пласман на Светскиот шампионат во Франција.
Голманите и одбрана ќе бидат клучни за конечниот исход, доколку од добрата игра во одбраната избраниците на Червар успеат да продуцираат контри и полуконтри, што не беше случај со Украина, тогаш и позитиниот резултат нема да изостане.
Нападот ќе го води Кире Лазаров, но останатите од бековската линија ќе треба да понесат дел од тој товар, бидејќи само така ќе можат да ја развлечат високата чешка зона.
Чесите за овој дуел нема да може да сметаат на својот најдобар играч Филип Јиха. Клупскиот колега на Лазаров и Ристовски од Барселона, на мечот против Исланд ги истегнал лигаментите и поради тоа нема да настапи во Плзен.
Дуелот Чешка-Македонија ќе започне во 14:30 часот.