А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Европратеничката Петир се сретна со претставници на туристичко-угостителскиот сектор од Охрид

by А1он04/11/2016 - 18:5684
Share0

Европратеничката Маријана Петир, која е и претседател на Групата пријатели на Република Македонија во Европскиот законодавен дом, во рамки на посетата на Македонија денеска имаше средба со претставници на туристичко-угостителскиот сектор од Охрид, на која беше разговарано за можностите за развој на туризмот и размена на позитивни искуства во сферата.

Следете a1on на Instagram Instagram

– Ние како пријатели на Македонија сакаме оваа земја да ја прмовираме во Брисел на еден позитивен начин од тоа што вредните луѓе тука го прават, се до презентација на македонското богато културно-историско наследство, рече хрватската европратеничка.

Конкретно во областа на туризмот таа ја поздрави одлуката за намалување на ДДВ-то на услугите во туризмот од 15 на 5 проценти, што, според неа, е од голема важност за угостителскиот сектор.

Дури 18 проценти на бруто домашниот производ во Хрватска доаѓаат од туризмот и услужниот угостителски сектор. Покрај природните убавини, тука мошне значајно е вредно да се работи, се до добар менаџмент.

Следете a1on на Youtube YouTube

– Ние имаме различни линии за поддршка насочени кон туристичкиот сектор, од поддршка на тур-опеаторите кои носат гости, се до поволни камати на микрокредитирање, особено во периодот пред присоединувањето на Хрватска во ЕУ. Дури и обезбедување неповратни средства за обнова на објекти за селски и континентален туризам, истакна Петир.

Раководителот на Одделот за туризам и локален економски развој при Општина Охрид, Ѓоко Апостолов, рече дека Охрид прифаќа секакво позитивно искуство во туризмот, особено бидејќи Охрид има со што да привлече гости.

Апостолов го посочи регионалниот пристап во привлекувањето туристи и заедничко излегување на пазар како особено значаен. оттаму што модерните трендови во областа практикува активен туризам, односно туристите се повеќе сакаат да посетат колку што е можно повеќе дестинации за време на нивниот одмор.

– Конкретно во таа насока Општина Охрид на 18 ноември ќе учествува на Меѓународниот саем за туризам во Солун, со учество и на Конференцијата „Филоксенија“ која оваа година ќе биде посветена на ребрендирањето на туристички дестинации. Ние таму ќе се претставиме заедно со Белград, Пловдив и Солун, со посебен осврт на можноста за регионален настап на европските и светските туристички пазари, рече тој.

Апостолов укажа на изминатиот период од неколку години при што беше поставена динамика на агресивна кампања за наметнување на Охрид кај светските медиуми специјализирани во областа на туризмот.

– Охрид веќе стана препознатлив бренд на светскиот туристички пазар, но тоа не значи само по себе поголем број туристи. Најбитно е да се направи добра инфраструктура, добар туристички производ и добар менаџмент. Доколу тоа го оствариме, и самиот маркетинг за промоција на Охрид полесно ќе поминува – и кај медиумите, и кај самите гости, истакна Апозтолов.

eu

Би можело да ве интересира

Филипо: Пресудата против „Еуроклеар“ би можела да ја парализира ЕУ

Горан Наумовски18/05/2026 - 14:31

СДСМ: Мицкоски не сака во ЕУ, тој сака власт без контрола и без одговорност

Горан Наумовски15/05/2026 - 08:40

„Гардијан“: Европа мора да се однесува како Кина за да ја преживее ерата на хаосот

Горан Наумовски11/05/2026 - 14:21

Дмитриев: Енергетската криза ги отвори „затворените очи“ на ЕУ

Горан Наумовски08/05/2026 - 14:0908/05/2026 - 14:59

Трамп: ЕУ до јули треба да ги исполни обврските од трговскиот договор

Горан Наумовски08/05/2026 - 13:55

Коста: ЕУ се подготвува за можни разговори со Путин

Горан Наумовски08/05/2026 - 10:32
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто