Димитриев – Ли: Добрите билатерални односи гаранција за унапредување на економската соработка

Од:

Претседателот на Владата на Република Македонија за спроведување на избори Емил Димитриев, попладнево во Рига оствари средба со премиерот на Народна Република Кина, Кечијанг Ли, во очи на утрешниот Петти состанок на 16 земји од Средна и Источна Европа со Кина во летонската престолнина.

Како што јавува известувачот на МИА од Рига, Димитриев и Ли на средбата ги потенцираа добрите билатерални односи на македонската држава со НР Кина, како гаранција за унапредување на економската соработка.

Во изјава за МИА по средбата, Димитриев посочи дека со својот кинески колега имале одлична средба на која му ги презентирал успешните проекти што Македонија ги реализира со кинеско финансирање, како гаранција за понатамошно продолжување на позитивната соработка и во други економски сфери, за што презентирал и конкретни проекти.

Исто така, македонскиот премиер посочил на средбата дека напредувањето на нашата земја на „Дуинг бизнис“ ранг-листата на Светската банка е мотив повеќе за дополнително зголемување на инвестициите од Кина во Република Македонија.

– Имавме одлична билатерална средба со кинескиот премиер. На средбата заеднички ги потенциравме добрите билатерални односи меѓу нашите две држави. Република Македонија е прва земја од форматот 16 плус една земја од Средна и Истона Европа што искористи средства од Фондот на Кина во овој формат за финансирање проекти од областа на патната инфраструктура. Проектите се во завршна фаза и се најдобра основа за понатамошна соработка во делот на економијата за што на кинескиот премиер му пренезентирав проекти во различни области од економската сфера, посочи Димитриев по средбата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски