Средба на Спасовски со претставници од Здружението на дипломирани криминалисти

Од:

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска на барање на Здружението на дипломирани криминалисти одржал работна средба со нивни претставници, на која разговарале за актуелната кадровска и финансиска состојба во Министерството за внатрешни работи, од аспект на можностите за вработување дипломирани криминалисти како потребен стручен кадар во МВР.

– Претставниците на Здружението на дипломирани криминалисти се заблагодарија на можноста што првпат по девет години имаат средба со еден министер за внатрешни работи. Тие побараа Министерството сериозно да го разгледа нивното барање за вработување и ја истакнаа нивната желба да помогнат со своето знаење за подобрување на состојбите во МВР и спроведувањето на неопходните реформи. Министерот Спасовски истакна дека овие образовани кадри мора да имаат приоритет за вработување во МВР, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Би можело да ве интересира

МВР: Ива Михаилова нема евидентиран излез од Македонија и влез во Бугарија

Горан Наумовски

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

Казна за возачот кој со 203 км. на час „леташе“ на автопатот Скопје – Свети Николе

А1он

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп