Протест пред руската амбасада во Лондон заради активностите на Москва во Сирија

Од:

Дваесетина демонстранти денеска се собраа пред руската амбасада во Лондон на протест против користењето на руската борбена авијација во поддршка на офанзивата преземена од сириските владини сили врз источниот дел на Алепо.

Демонстрантите на тротоарот пред амбасадата фрлија стотици пластични раце од кукли и Москва ја обвинија дека преку своите бомбардирања изведува чудовишни злосторства во најголемиот сириски град, пренесоа американските медиуми.

Двајца активисти со синџири се врзаа на железните врати на амбасадата. Еден од нив кажа дека протестира против користењето на касетна муниција и тешки бомби за уништување бункери, како и против другите „ужасни активности“ на Русија во Сирија.

Британскиот шеф на дипломатијата Борис Џонсон во октомври за време на парламентарна дебата повика на демонстрации пред руската амбасада во Лондон. Тоа беше прв ваков настан, забележа ТАСС.

Би можело да ве интересира

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските

Три жени ранети во престрелка во Англија

Англија ја совлада Ирска

Мал авион се урна во индустриска зона во Честерфилд

Моторна едрилица се урна на сред пат: Пилотот и патникот преживеаја

(ВИДЕО) Ескалира насилството во Британија: Ќе залажите за ова екстремно десничарко насилство