Попоски на средби со европратениците Петир и Петерле

Од:

Заменик – претседателот на Владата и министер за надворешни работи Никола Попоски денеска оствари средби со европратениците Маријана Петир и Алојз Петерле. 

На средбата со Петир, како што соопшти Министерството за надворешни рбаори, било разговарано за активностите на Групата на пријатели на Република Македонија во Европскиот парламент, во светло на очекуваниот извештај на Европската Комисија. 

– Успешното спроведување на изборите е во фокус на вниманието. Неопходно ќе биде да се обезбеди соодветен напредок во ЕУ интеграциите по изборниот процес, истакна Попоски.

Македонскиот министер за надворешни работи Попоски и европратеникот Петерле Петерле на средбата заклучиле дека се легитимни очекувањата за успешно спроведување на изборите во Република Македонија на 11 декември.

– Многу факти водат кон тоа дека предусловите за таков развој се исполнети. Сериозен предизвик останува да се обезбеди логичен напредок кон членство во сегашни европски услови. Ќе биде неопходно да се согледуваат и ефектите од намалената видливост на европската перспектива. Ова е мотив повеќе да се зацврсти посветеноста на реформи дома, но и мобилизација во ЕУ за стабилен и просперитетен Балкан во рамки на Унијата, истакна Попоски.

Би можело да ве интересира

Влада ја продолжи мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати до 15 мај

Горан Наумовски

Владата најави поевтинување на дизелот за 6,5 денари

Владата одлучи: Нема да трошиме време и пари на референдум за европскиот пат

Горан Наумовски

СДСМ: Владата потфрли во економијата и ги разочара граѓаните

Нови правила за игрите на среќа: Казината 500 метри од училишта, забрана за апарати во обложувалници

Горан Наумовски

Именувана е новата унгарска влада