Министерот Амети се сретна со заменик амбасадорот на САД, Блум

Од:

Министерот за животна средина и просторно планирање Башким Амети денеска имаше работна средба со заменик амбасадорот на САД во Република Македонија, Микаела Швајцар Блум.

Како што информираат од Министерството, на средбата се дискутирало за соработката меѓу двете држави во областа животна средина, со посебен акцент на заштитата на амбиенталниот воздух.

На средбата било отворено и прашањето за неодамнешната одлука на Министерството за затварање на индустрискиот капацитет Југохром, што, како што се неведува, позитивно било оценето од Блум.

На средбата присуствувала Вирџинија Галински која како експерт за квалитет на амбиенталниот воздух во наредните шест недели ќе му помага на Министерството за животна средина и просторно планирање во справување со проблемите со висока концентрација на загаденост на амбиенталниот воздух, особено во зимскиот период. Од Министерството најавуваат дека таа ќе соработува и со сите други национални институции кои се инволвирани и релевантни во областа.

Би можело да ве интересира

Влада ја продолжи мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати до 15 мај

Горан Наумовски

Владата најави поевтинување на дизелот за 6,5 денари

Владата одлучи: Нема да трошиме време и пари на референдум за европскиот пат

Горан Наумовски

СДСМ: Владата потфрли во економијата и ги разочара граѓаните

Нови правила за игрите на среќа: Казината 500 метри од училишта, забрана за апарати во обложувалници

Горан Наумовски

Именувана е новата унгарска влада