СДСМ: Груевски ги исполажал граѓаните во полошкиот регион и сега им пишува по Фејсбук

Од:

„Никола Груевски немоќно се надминува во своите лаги, соочен со изборниот пораз за 38 дена.

Кога Груевски пишува фејсбук статуси за полошкиот регион добро би било да напише уште еден статус и да им каже на тетовчани:

– Каде е странската фабрика за производство на композитни материјали за која во 2014 година беше удрен камен темелник и беа најавени 200 вработувања?

-Каде е другата ветена странската компанија во 2015 година, снабдувач на метал, којашто требаше да отвори 100 работни места?

– Каде е третата странска фирма за минобуси, ветена исто во 2015 година којашто требаше да отвори 500 раотни места?

-Каде е четвртата странска фирма за рециклирање гуми, ветена пред 3 години?

Од ваквите лаги на Груевски, Македонија е на дното во регионот и Европа по странски директни инвестиции, 500.000 граѓани живеат во сиромаштија, а 626.312 луѓе ја напуштија државава.

По 10 години лаги, Груевски нема повеќе што да им најавува на граѓаните

На 11 декември доаѓа нова одговорна Влада предоводена од СДСМ којашто ќе ги поддржи домашните фирми да отворат нови работни места и ќе создаде услови за реални странски инвестиции“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Избори ќе закаже кога ќе снема пари – Ние нема да му бидеме алиби, но граѓаните ќе му бидат сведоци

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски си ја крои статистиката – граѓаните ја гледаат во продавница

СДСМ: Орце Ѓорѓиевски чита календар за прскање, а Скопје брои четири починати

Реакција на Ѓорѓиевски: Повторно гледаме обид сериозна здравствена тема да се претвори во дневнополитичка пресметка

ВМРО-ДПМНЕ: Ние работиме, СДСМ се дави во сопствениот хаос и лаги

Горан Наумовски

СДСМ: Гостивар не заборава – додека граѓаните се труеја, Мицкоски славеше

Горан Наумовски