Саад Харири именуван за премиер на Либан

Од:

Новоизбраниот либански претседател Мишел Аун денеска за премиер на земјата го именуваше сунитот Саад Харири, кој важи за гласен критичар на либанското шиитско движење Хезболах.

– По неопходните парламентарни консултации, претседателот го именуваше Саад Харири за мандатар на новата Влада, се вели во соопштение на претседателскиот Кабинет.

Харири беше поддржан како премиер од мнозинството пратеници во либанскиот Парламент, каде што тој ја предводи најголемата парламентарна група. При изјаснувањето, пратениците на Хезболах се воздржаа од гласање.

Аун, кој беше избран за претседател на Либан во понеделникот, е сојузник на Хезболах, што цели две години претставуваше пречка за неговиот избор.

Ситуацијата околу изборот за претседател се промени по јавно изразената поддршка од Харири за Аун, што тој ја искажа минатиот месец.

Би можело да ве интересира

Израел уби најмалку 11 лица во Либан

ВИДЕО: Трамп го именуваше свекорот на ќерка му за советник за блискоисточни прашања

Катерина Ѓуровски

Елијаху: Не го победивме Хезболах, се согласивме на примирје под принуда

Израел и Либан се договорија: Само официјалните воени и безбедносни сили смеат да поседуваат оружје

Либанската армија се подготвува да се распореди на југот од земјата по постигнување прекин на огнот

Либан: Нема сериозни пречки за започнување на прекин на огнот