Тепачка во средното хемиско во Скопје, двајца повредени

Од:

Двајца ученици се повредени во тепачка меѓу две групи што се случи во средното хемиско училиште „Марија Кири – Слодовска“, соопшти денеска МВР.

Тепачката се случила вчера околу 14 часот и 40 минути кога повеќе лица, претежно ученици од училиштето, без повод и причина ги нападнале 16-годишните Н.О. и М.Б. Момчињата биле удирани со тупаници, клоци и со боксирачи.

Нападнатите малолетници побарале лекарска помош при што им се констатирани лесни телесни повреди во пределот на главата и телото. Повредените се пуштени на домашно лекување.

На местото на инцидентот се излезени инспектори од Одделението за малолетничка деликвенција и од разговорите со повеќе очевидци откриено е дека  сторители на извршеното кривично дело се Б.Х. (25), Е.Ј. (15) Ј.Ј. (15) , Т.М. (15)  од Скопје и  М.Н. (32) и М.Ј. (17) од скопското село Студеничани.  Со нив е извршен разговор и по целосното расчистување и документирање на настанот ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Би можело да ве интересира

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип