110 тони напалм сопственост на српската армија ќе се уништат во Шведска

Од:

Околу 110 тони остатоци од напалм во прав, кои се сопственост на српската армија, следниге три месеци ќе бидат транспортирани и уништени според сите еколошки стандарди во Шведска, соопшти српското Министерство за одбрана.

Уништувањето на напалмот ќе биде извршено во рамки на програмата за управување со резервите на конвенционално оружје во Србија и заедничката програма на српското Министерство за одбрана, Програмата на Обединетите нации за развој (УНДП) и на Организациајта за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ). Целата операција ќе чини 147.400 илјади евра, а поголем дел од средствата, односно 94.200 евра ги обезбеди Германија.

Српското Министерство соопшти дека напалмот во прав сам по себе не е опасен, ниту отровен, туку претставува еден вид на „алуминиумски сапун“ и само во комбинација со други компоненти станува опасно оружје.

Користењето на напалм како оружје меѓу другото е забрането со спогодбата за вооружување на ОН, а неговото уништување во Србија е првата планирана активност во рамки на програмата за управување со конвенционалното оружје.

Би можело да ве интересира

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници

(ВИДЕО) Таткото на Александар исчезнат на Кипар објави снимка, смета дека е пронајден неговиот син

Предраг Петровиќ

„Парадата на гордоста“ ги преплави белградските улици

Предраг Петровиќ

Николоски: Ќе се гради гасен интерконектор меѓу Македонија и Србија

Лекот „диклофен“ oд 50 милиграми на „Галеника“ е повлечен од аптеките во Србија

Горан Наумовски

Стопанската комора на Србија отвора претставништво во Скопје