Со десетте натпревари што се играа попладнево и вечерва почнуваат квалификациите за Европското првенство во ракомет, што во 2018 година ќе се одржи во Хрватска.
28 репрезентации се поделени во 7 групи, а двете првопласирани од групите и најдобрата третопласирана селекција од сите групи ќе изборат пласман на шампионатот.
Распоред на натпреварите од 1. коло:
Група 1: Унгарија – Летонија (среда); Данска – Холандија (четврток).
Група 2: Белорусија – Романија (среда); Полска – Србија (четврток).
Група 3: Австрија – Финска и Шпанија – БиХ (среда).
Група 4: Македонија – Украина и Исланд – Чешка (среда).
Група 5: Словенија – Швајцарија и Германија – Португалија (среда).
Група 6: Русија – Словачка (среда) и Шведска – Црна Гора (четврток).
Група 7: Норвешка – Белгија (среда); Франција – Литванија (четврток).
Хрватска како домаќин има обезбедено директно учество, а титулата ја брани репрезентацијата на Германија.