Ирачките сили времено го прекинаа напредувањето во градот Мосул, поради лошата видливост, која е последица на неповолните временски услови, соопшти денеска ирачката армија.
Бригадниот генерал Хајдер Фазил изјави дека не е планирано натамошно навлегување за денеска, бидејќи видливоста на авијацијата, вклучувајќи ги и беспилотните летала, е отежнета од високата влажност и облачноста.
Според него, ирачките сили се стационирале на позиции во источните делови на Мосул.
Властите соопштија дека шиитските формации успеале да ослободат 46 села на запад и југозапад од Мосул во операцијата против групацијата Исламска држава (ИД).
Ирачката армија и полиција заедно со сојузничките групи почнаа операции во близина на градот Хамам ал Алил, кој се наоѓа на 20 километри јужно од Мосул.
Полковник Ахмед ал Џабури изјави дека откако ќе биде ослободен Хамам ал Алил и околните населени места, силите ќе преземат офанзива кон регионите јужно од Мосул, а потоа ќе влезат во градот од десниот брег на реката Тигар.