Лидерот на Исламска држава, Абу Бакр ел Багдади се наоѓа во Мосул и кога тој би бил убиен тоа ќе и нанесе „смртоносен удар“ на терористичката група, изјави истакнатиот курдски претставник Фуад Хусеин.
Хусеин, кој е шеф на кабинетот на курдскиот лидер Масуд Барзани, истакна дека курдските власти имаат информации од повеќе извори дека Багдади е во Мосул, градот за чие освојување се борат ирачките сили.
– Ако тој биде убиен, тоа ќе значи колапс за целиот систем на ИД, нагласи Хусеин, додавајќи дека во тој случај ИД ќе мора да избере нов лидер и тоа во екот на борбата, но ниту еден наследник би немал авторитет како Багдади.
Според него, во последните осум или девет месеци Багдади се крие, оценувајќи дека е очевиден поразот на џихадистичката група.