Мркиќ: Белград е подготвен за примена на договорите со Приштина

Од:

Српскиот министер за надворешни работи Иван Мркиќ синоќа изјави дека Белград е подготвен да ги имплементира досега постигнатите договори во дијалогот со Приштина, истакнувајќи дека во тоа клучна извршна улога има ЕУЛЕКС.

Тој додаде и дека Белград е отворен за разговори за сите прашања со исклучок на укинувањето на српските институции на Косово.

– Улогата на ЕУЛЕКС е посебно важна во овој момент и не смее да се менува, нагласи Мркиќ на седницата на Советот за безбедност на ОН во Њујорк, истакнувајќи дека Белград ќе инсистира да ги примени договорените решенија за интегрирано управување со премините со присуство и извршна улога на Мисијата на ЕУ.

Шефот на српската дипломатија укажа дека постигнувањето траен мир во регионот подразбира наоѓање сеопфатно решение за Косово, а помирувањето меѓу Србите и Албанците бара донесувањетешки ослуки на двете страни.

– Српската страна продолжува да ја следи политиката за наоѓање решение по мирен пат во конструктивен дијалог со Приштина и подготвена е да ги примени постигнатите договори, изјави Мркиќ.

Би можело да ве интересира

Уапсена Хрватка која се обидела да упадне во зградата на српското Претседателство

(ВИДЕО) Трагедија во Србија: најмалку осум жртви во пожар во старечки дом

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Родителите бараат итно враќање на децата на училиште, почнаа петиција

Вучиќ формира широко народно движење: Toa e стратешка потреба за иднината, сите се добредојдени

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Уапсен возачот кој со автомобил удри студентка во Белград

Луксузниот хотел во Белград ќе се вика Трамп

Предраг Петровиќ