Жител на Матејче починал откако се задушил од чад по пожар во неговата кука

Од:

Жител на село Матејче починал вчера откако се задушил од чад по пожар кој избувнал во неговата куќа, соопшти денеска МВР.

Од полицијата информираат дека вчера во 19.30 часот во куќата на Ш.М (1941) од засега непознати причини избувнал пожар во кој биле зафатени две соби.

Телото на починатиот било пронајдено во бањата. Лекар од медицинска помош констатирал смрт предизвикана од вдишување чад. СВР Куманово извршила увид. Материјалната штета допрва ќе се утврдува.

Од територијалната Противпожарна единица информираат дека кај нив пожарот бил пријавен во 19.45, по што се упатиле противпожарни екипи кои го локализирале во 21.45 часот.

Би можело да ве интересира

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип