Десет сообраќајки вчера во Скопје, „пајакот“ кренал 89 возила

Од:

Десет сообраќајни несреќи се случиле  во Скопје во изминатото деноноќие, при што во четири полесно се повредени четири лица. Шест сообраќајки се со последица материјална штета.

Како што информираа за МИА од СВР – Скопје, сообраќајната полиција санкционирала двајца возачи под дејство на алкохол, тројца кои поминале на црвено светло на семафор, 18 без возачка дозвола, односно со нерегистрирано возило, а 16 при возење користеле мобилен телефон или не носеле сигурносени појас.Затекнати се и 64 непрописно паркирани возила.

Со помош на специјалното возило „пајак“, во текот вчерашниот ден отстранети се 89 возила кои во поголема мера го попречувале нормалното одвивање на пешачкиот и моторниот сообраќај.

Во рамки на проектот „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“ Одделението за превенција при СВР Скопје денеска ќе реализира едукативни работилници со ученици од второ одделение во ОУ „Блаже Конески“ во општина Аеродром.

Би можело да ве интересира

Синоќа изречени 262 санкции за сообраќајни прекршоци во Скопје, шест возачи лишени од слобода

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош