А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Новата медицинска опрема ќе се набавува во наредните неколку години

by А1он31/10/2016 - 18:52179
Share0

ВМРО-ДПМНЕ ја добива поддршката од граѓаните токму поради проектите кои ги нуди и на кои напорно работи да се реализираат. Токму затоа СДСМ кога е здравството во прашање не отстапува од залудните очајнички обиди сто пати да каже лага и да се надева дека ќе успее да ја протне како вистина.

Добивај вести на вибер

Ова го истакнува ВМРО-ДПМНЕ во пишаната реакција на изјавата на портпаролот на СДСМ Петре Шилегов кој посочи дека во Буџетот за 2017 година не постои ставка од 33 милиони евра за медицинска опрема, туку ставка од само 4,5 милиони евра и тоа за три години, што ги предвидела Владата за здравството и 4,5 милиони евра што треба да треба да ги предвидат самите установи.

– Денес е најавена набавката на нова медицинска опрема во секој град во државата, во вкупна вредност од околу 33 милиони евра, во наредните неколку години. Во секој град во државата ќе биде набавена нова медицинска опрема за секоја јавна здравствена установа, болница (клиничка, општа или специјална), здравствен дом, како и за болниците и клиниките во Скопје, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.

Токму здравството, се додава, беше еден од најзапоставените ресори кога ВМРО-ДПМНЕ ја доби честа одговорноста од народот да ја предводи Владата на Република Македонија.

– Владата на ВМРО-ДПМНЕ постојано работи на подобрување на квалитетот на здравствениот систем. Бидејќи постигнувањето на квалитет не е возможно без инвестиции во нова опрема, во нова апаратура и во висока технологија, досега вложивме повеќе од 115 милиони евра за оваа намена – паралелно со зајакнувањето на кадровскиот потенцијал и создавањето на современи просторни услови, се потенцира во реакцијата.

Опремата која ја набавивме, се прецизира, ги следи најсовремените стандарди и со неа драстично се влијае на подигнувањето на квалитетот, но и прецизноста во дијагностицирањето на многу болести и можноста воопшто да се прават некои интервенции. Набавката на нова опрема продолжи и во периодот на најголемата политичка криза, затоа што навистина има многу да се надомести.

– ВМРО-ДПМНЕ ги исполнувало ветувањата кои им ги дава на граѓаните, па така ќе го исполни и ова ветување за реализација на овој грандиозен проект во здравството. Тоа е разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, се посочува во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на Шилегов.

dpmne

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски15/02/2026 - 12:24

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски11/02/2026 - 14:1211/02/2026 - 14:51

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

Катерина Ѓуровски11/02/2026 - 13:19

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски11/02/2026 - 12:5211/02/2026 - 12:53

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

Катерина Ѓуровски06/02/2026 - 12:54

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски06/02/2026 - 10:5106/02/2026 - 12:17
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен