Корисниците од улиците „Џон Кенеди“ и „Кемал Ататурк“, објектот на Амбасадата на САД, населбата Топаана, дел од Бит Пазар, дел од населбата Гази Баба и дел од улицата „Цветан Димов“ утре ќе останат без вода за пиење.
Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризина град Скопје, причина за прекинот во водоснабдувањето е изведувањето технички зафати во водоводно – канализациската мрежа на улицата „Џон Кенеди“ до крстосницата со улицата „Кемал Ататур“ од страна на екипите на ЈП Водовод и канализација.