Нападнат полицаец на натпреварот „Вардар“ – „Победа“

Од:

Полицаец од СВР-Скопје за време на вчерашниот фудбалски натпревар меѓу екипите на „Вардар“ и „Победа“ од Прилеп, бил удрен од непознато лице од гостинската навивачка група со метална шипка во пределот на главата.

Како што соопшти денеска МВР, инцидентот се случил синоќа во 19:30 часот во Скопје на Градскиот стадион, кога полицаецот кој бил на работна задача за обезбедување за време на фудбалскиот натпревар, интервенирал при нарушен Јавен ред и мир.

Повредениот полицаец по укажана лекарска помош во Градска општа болница „Наум Охридски“, каде му била констатирана телесна повреда, бил пуштен на домашно лекување.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Приведени 15 лица поради безобѕирно управување моторно возило, петмина малолетници

За пет часа полицијата уапси 13 моторџии – одземени се пет мотоцикли

А1он

МВР предупредува за нов бран измамнички СМС пораки од „Безбеден град“

А1он

МВР го најде во Скопје Цуната кој и избега на полицијата во Кочани преку прозорец

Катерина Ѓуровски

Распишана е меѓународна потерница по кочанчанецот кој побегна од полициска станица

А1он

Син уби татко во Скопје

А1он