Прв конгрес на Независниот академски синдикат (НАкС)

Од:

На првиот редовен и изборен конгрес на Независниот академски синдикат (НАкС) за претседател едногласно е избрана проф. Маја Стевановиќ од Факултетот за драмски уметности – Скопје. Избрани се и членовите на Советот, Надзорниот одбор и Статутарната комисија на Синдикатот.

– На конгресот беа потврдени заложбите на Независниот академски синдикат за доследно почитување на академската автономија и за суштествено реетаблирање на улогата на академскиот сектор во општеството, како и за доследна одбрана на дигнитетот на своите членови, и нивна постојана и сеопфатна синдикална заштита, соопшти НАкС.

Независниот академски синдикат ќе се залага за: заштита на личниот, професионалниот и стручниот интегритет на своите членови согласно принципот на автономијата на Универзитетот; подобрување на условите за професионален развој и унапредување, како и заштита на интелектуалната работа и творештвото; зголемување на квалитетот на образовната и на научната дејност; заштита на правата што произлегуваат од работниот однос; подобрување на условите за работа, заштита при работа, заштита на животната и работната средина, како и посебна грижа за здравјето и животот на вработените во процесот на работата.

Би можело да ве интересира

НАкС: Потребно транспарентно финансирање, а не зголемување на студентската партиципација

Кандидатите за ректор на УКИМ се претставија на трибина организирана од НАкС

Ана Ололовска

НАкС: Синдикалното здружување вреди

Ана Ололовска

НАкС: Поддршка за студентите за зачувување и унапредување на студентскиот стандард

Ана Ололовска

НАкС се приклучува кон барањата за усогласување на платите врз основа на зголемувањето на минималната плата

Ана Ололовска

НАкС: Покачувањето на минималната плата е чекор напред, очекуваме зголемување и на другите плати согласно колективните договори

Ана Ололовска