Портрети на Николиќ како на Тито на видни места во амбасадите

Од:

Министерството за надворешни работи на Србија, наредило во сите амбасади и конзулати, на видни места да се постават фотографии на претседателот Томислав Николиќ, објави весникот „Данас“.

Според нивните сознанија, генералниот секретар на министерството, Зоран Марковиќ, минатата недела, по налог на Николиќ, пратил допис до дипломатско-конзуларните претставништва на Србија во светот, со инструкции за поставувањето на претседателските портрети.

Се додава дека Марковиќ наредил, врамената фотографија на Томислав Николиќ да се закачи во салоните за прием или на други соодветни места во амбасадите и конзуларните претставништва, и прецизирал дека мора да биде во прецизен формат .

Оваа пракса, пишува весникот, не е честа, до сега не биле ставани слики на Борис Тадиќ,  Милан Милутиновиќ, Зоран Лилиќ, Добрица Ќосиќ, па ниту на Слободан Милошевиќ.

Последен пат таа практика се применувала со портретите на Јосип Броз Тито.

 

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Нема да успеат, Србија нема да застане

Вучевиќ: Опозицијата насилно се обидува да го блокира Собранието, нема да ја спречи Србија

Брнабиќ: Погазувајќи го достоинството на Собранието, се радуваат оние кои не сакаат просперитетна Србија

ВИДЕО: Тепачка во српскиот парламент, се пресметаа пратениците на власта и опозицијата

Македонски автобус заглави во снегот во Србија, се излизга и удри во банкина

Катерина Ѓуровски

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија