Во Скопје викендов 39 сообраќајки, повредени 35 лица

Од:

Триесет и пет лица се полесно повредени во 16 од вкупни 39 регистрирани сообраќајни несреќи во изминатите три дена на подрачјето на Скопје. Деветнаесет сообраќајки се материјална штета.

Сообраќајната полиција во петокот извршила увид на 20 сообраќајни незгоди. Во 10 од нив со полесни повреди се здобиле 25 лица, а девет несреќи се со последица материјална штета.

Како што информира самостојниот инспектор Драган Вељановски, во саботата е извршен увид на  11 сообраќајни незгоди. Од нив во четири незгоди со полесни повреди се здобиле девет лица. Четири незгоди се со материјална штета.

Вчера, пак, е извршен увид на осум сообраќајни незгоди, од кои во две незгоди со полесни повреди се здобиле осум лица, а шест се со последица материјална штета.

Во текот на изминатите три дена  сообраќајната полиција, санкционирала осум возачи кои  возеле под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај, девет поминале на црвено светло на семафор и 17 возачи кои за време на управување на возилото не користеле сигурносен појас или го користеле мобилниот телефон.

Санкционирани се и 14 возачи кои го управувале возилото без возачка дозвола, односно нерегистрирано.

Со помош на специјалното возило „Пајак“, во текот на овие три дена отстранети се 143 возила кои во поголема мера го попречувале нормалното одвивање како на пешачкиот така и моторниот сообраќај.

Би можело да ве интересира

По еден ден прекин, попаднево повторно воспоставен железничкиот сообраќај во земјава

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

125 санкционирани возачи во Скопје

Посебен режим на сообраќај во Скопје во сабота поради чествувањето на смртта на Гоце Делчев

А1он

Паднато дрво го попречува сообраќајот на патот Делчево – Пехчево

Пропаѓале врски, бракови, бизниси – Италија ги укинува фотографиите од камерите за брзина во сообраќајот

А1он