Хамилтон победи на трката за Големата награда на Мексико

Од:

Возачот на Мерцедес и актуелен светски првак во формула 1, Луис Хамилтон забележа победа на трката одржана синоќа за Големата награда на Мексико и со тоа ја намали разликата во однос на лидерот во генералниот пласман Нико Розберг.

Ова за Хамилтон беше 51.победа и сега Розберг има 19 бодови предност на две трки до крајот на шампионатот. По триумфот Хамилтон се изедначи на второто место на вечната листа по бројот на победи со Алан Прост.

Второто место во Мексико го освои Розберг, додека голема борба се водеше за третото место меѓу Себастијан Фетел од Ферари и Макс Верстапен, бидејќи имаше непочитување на правилата по трката и двајцата добија временски казни, па трет е Даниел Рикардо од Ред Бул, Верстапен е на четвртото место, а Фетел е петти.

Во генералниот пласман прв е Розберг со 349 поени, Хамилтон има 330, а трет е Рикардо со 242, Фетел има 187, Кими Раиконен 178 и Рикардо 177.

Кај конструкторите Мерцедес е прв со 679 поени, Ред Бул има 427, а Ферари 365.

Следната трка се вози во Бразил на 13 ноември.

Би можело да ве интересира

Макс Ферстапен е шампион во Формула 1

А1он

Леклерк победи на трката во Формула 1 за Големата награда на Италија

Расел победи на трката за Големата награда на Австрија

Инцидент во Формула 1 во Монте Карло, целосно уништен болидот на Серхио Перез

Азурно сино Ферари на трката во Мајами

Предраг Петровиќ

Хорнер: Верстапен има привилегии во Ред Бул, исто како Хамилтон во Мерцедес