Македонските ракометари на собир пред квалификациите за ЕП

Од:

Репрезентација ракометна на Македонија попладнево ќе го има првиот собир пред стартот на новиот циклус квалификациите овојпат за Европското првенство што 2018 година ќе се одржи во Хрватска.

Селекторот Лино Червар попладнево попладнево ќе ја има првата прозивка на играчите кои ги повика за првите две средби со Украина и Чешка.

За разлика од последните натпревари во јунскиот бараж за Мундијалнот во Франција, Червар сега не ќе може да смета на искусните во Наумче Мојсовски и Филип Миркуловски кои ставија крај на репрезентативната кариера.

На списокот на Червар за дуелите со Украина и Чешка се најдоа следниве ракометари: БоркоРистовски, Мартин Томвски, Златко Даскаловски, Дејан Манасков,а Гоце Ојлески, Гоце Георгиевски, Стојанче Стоилов, Никола Маркоски, Филип Лазаров, Аце Јоновски, Немаља Прибак, Кирил Лазаров, Влатко Митков, Филип Талески, Филип Кузмановски, Велко Марковски, Мартин Поповски, Иван Тасевски, Марко Нелоски, Мартин Велковски, РистиоАрнаудовски и Ласко Андоновски кој дополнително беше повикан во тимот.

Собирот е закажан за 16 часот и 30 минути во хотелот „Парк СПА“ во Скопје, по што ракометарите треба да го оддржат и првиот тренинг имајќи го во предвид краткото време пред првиот меч кој е закажан за веќе за во среда (2 ноември) која во СЦ „Борис Трајковски“ ќе гостува селекцијата на Украина, а три дена подоцна (5 ноември) црвено-жолтите ќе патуваат за Плзен на мегдан со репрезентацијата на Чешка.

Во квалификациската група 4, противник на Македонија ќе биде и репрезентацијата на Исланд.

Би можело да ве интересира

Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Предраг Петровиќ

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ