А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

ФРОДЕМ: Очекуваме Народна и ОМ да не соработуваат со актуелното раководство на ДПМНЕ

by А1он30/10/2016 - 09:4130/10/2016 - 12:39175
Share0

„После потрошените неколку месеци во грижливи преговори и вложени огромни напори со целосно разбирање на спецификите на сите потенцијални партнери, ФРОДЕМ целосно ја уважува определбата на партиите ВМРО-НП и ОМ да не продолжат со спојувањето и да настапат со своја коалиција. Ние како изворно граѓанска европска народна опција се организиравме со цел да се поврзат во единствена фунцкионална целина сите политички сили од оваа опција и сродните на неа, во насока на создавање на моќна политичка сила што ќе се спротивстави на погубонто водење на државата од страна на актуелнто раководство на ДПМНЕ.

Добивај вести на вибер

После спојувањето со Демократскиот Сојуз, МОРО-РП И ДЕМОС и формирањето на Коалицијата за промени и правда, продолживме со активностите на привлекување на сродните политички сили во поголем сојуз, што ќе биде способен да го запре неодговорното владеење на сегашнава власт и да ги врати вредностите на општеството, меѓу кои како први се слободата и правдата.

Остануваме и понатаму посветени на привлекување на сите субјекти што се загрижени за иднината на Македонија и се подготвени да се вложат во враќањето на вредностите на системот и забрзувањето на процесите на евроатлантските интеграции. Очекуваме дека независно од тоа што не сме во ист блок, другата сродна групација јасно ќе покаже дека нема намера да прави никава соработка ниту во текот на изборите ниту после нив со актуелното раководство на ДПМНЕ и дека тоа ќе го манифестира јасно преку конкретни чекори како што е санкционирање и дисцилинирање на членството кое упатува повик за таква соработка“, се вели во соопштението на ФРОДЕМ.

 

frodemkoalicija za promeni i pravda

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: ФРОДЕМ се приклучува кон ВМРО-ДПМНЕ

Ана Ололовска17/10/2020 - 16:0817/10/2020 - 21:27

ФРОДЕМ: ВМРО-ДПМНЕ не заслужува и понатаму да ја водат лабилни и неконзистенстни партиски раководни кадри

Ана Ололовска23/07/2020 - 11:09

Кекеновски: На државата не и требаат пратеници кои ќе стискаат зелено и црвено копче по директиви

Ана Ололовска29/06/2020 - 12:3729/06/2020 - 12:37

ФРОДЕМ: Македонско свето тројство – ,,Сваровски судство-Русковска обвинителство-Долче&Габана политичари“

Ана Ололовска22/01/2020 - 10:4022/01/2020 - 10:43

ФРОДЕМ: Мицкоски и неговите северџани ја прифатија Северна Македонија

Предраг Петровиќ05/01/2020 - 10:2506/01/2020 - 08:21

ФРОДЕМ: Што не му е јасно на Мицкоски?

Ана Ололовска26/12/2019 - 10:42
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен