Ракометарките на Металург по втор пат сезонава славеа победа на вториот тим на Вардар.
Во дербито од женската Суперлига, младите ракометарки на Металург на гостински терен го совладаа составот на Вардар СЦЈС со 25-20 полувреме 12-9 за тимот од Автокоманда.
До шестата победа сезонава во исто толку одиграни средби Металург го предводеа Николиќ со 7 и Гајиќ која постигна 6 гола, додека во листата на стрелци се запишаа и Стојковска со 5, Саздовска со 4 и Величковска кој средбата ја заврши со 3 постигнати гола.
Во сотавот на Вардар СЦ ЈС по 4 голови постигнаа Трпковска и Митова 4.
На тебалета со максимални шест победи водечки е Металург, додека Вардар СЦЈС е втор со 4 победи и 2 порази, а Куманово на третата позиција со еден пораз помалку, но и средба за доигрување.