ОН: ИД во Мосул убива цивили, зема заложници како жив штит

Од:

Исламска држава убила најмалку 232 лица во и околу Мосул додека ирачките сили напредуваат кон градот, а десетина илјади луѓе држи како заложници, кои може да ги користи како жив штит, изјави денеска портпаролот на Високиот комесаријат на Обединетите нации за човекови права, Равина Шамдасани.

– Во средата се убиени 232 цивили. Од таа бројка 190 се поранешни припадници на ирачките сили за безбедност, рече Шамдасани.

Според неа тие извештаи се однесуваат на потврдените случаи, а бројот на убиените последните денови би можел да биде уште поголем.

Таа на прес-конференција додаде дека ИД зела десетина илјади луѓе како заложници, кои може да ги користи како жив штит пред напредувањето на ирачката војска.

Тие цивили, членови на околу осум илјади семејства, се иселени од нивните домови и околу Мосул и се распоредени околу воените објекти во градот.

Според неа цивилите, кои одбиле тоа да го сторат, се стрелани на лице место.

Би можело да ве интересира

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Две курдски новинарки загинаа во турски воздушен напад во северен Ирак

Израелските новинари известуваат: Иран подготвува беспилотни летала и ракети за голем напад

Американски војници се ранети во ракетен напад врз базата „Аин ал Асад“ во Ирак

Гранатирана е воена база во Ирак

Горан Наумовски

Нападната е американска воена база во Ирак