Потребно е:
за кората:
3 јајца
1/2 чаша (од 250 мл) масло
1 чаша млеко
1 чаша пченкарно брашно
2 чаши пченично брашно
1 прашок за пециво
1 лажиче сол
мелен сув зачин
бибер
за филот:
1 средно голем модар патлиџан
1 тиквичка
500 гр мелено месо
1 главица кромид
2 чешниња лук
1 црвена пиперка
и уште:
2 чаши кисела павлака
100 гр крем сирење
Подготовка:
– Изматете ги јајцата, додадете ги млекото, маслото и солта и на крај и брашното со прашокот за пециво во него.
– Смесата сипете ја во намастена тава (25х35 см) и ставете го да се пече во загреана рерна на 200 целзиусови степени околу 20 минути или додеа не порумени.
– Модриот патлиџан исечете го помали коцки и посолете го. Оставете го да отстои.
– И тиквичките исецкајте ги на помали коцки.
– на малку масло испрчете го ситно сецканиот кромид. Додадете го и меленото месо и продолжете со пржењето.
– Кога ќе се испржи месото додадете го модриот патлиџан, кој претходно сте го измиле со вода од солта. По 1-2 минути додадете ги и тиквичките.
– Лукот ситно исецкајте го. Исецкајте ја и пиперката на мали коцки.
– Зачинете по вкус со мелен сув зачин и бибер. Убаво издинстајте ја смесата додека да омекне зеленчукот.
– Смесата сипете ја над испечената кора и израмнете.
– Во еден сад измешајте ги киселата павлака и крем сирењето. Оваа смеса премачкајте ја над изладениот фил.
– Оставете го во фрижидер убаво да се излади, исечете го на парчиња и послужете.