Резултати од истражување за состојбата со фрлање храна од производствените капацитети, маркетите, дистрибутивните ланци – субјекти и угостителските објекти во Република Македонија денеска ќе презентира здружението „Банка за храна“ во Македонија.
Целта е да се укаже на потребата вишокот храна да не се фрла и да се донира на хуманитарни организации, односно да дојде до гладните и сиромашните.
Истражувањето е реализирано во рамки на проектот „Храната за гладните, а не на депонија“ поддржан од програмата на Цивика мобилитас, кој го спроведуваат НИРАЦ, МЦМС и СИПУ.
Проектот има цел поттикнување на сите субјекти во општеството за одржливо менаџирање со храна, редуцирање на отпадот од храна, евентуално донирање на вишоците, како и потребата од граѓанско учество во процесите за намалување на сиромаштијата.