МЕПСО ќе набави нова примарна високонапонска опрема

Од:

Македонскиот електропреносен систем оператор АД МЕПСО денеска склучи договор за набавка на нова примарна високонапонска опрема за потребите на трансформаторски станици од преносната мрежа во вредност од 1,87 милиони евра.

Како што информираат од компанијата, тоа е прва набавка која е дел од проектот за ревитализација и за модернизација на преносната мрежа што МЕПСО го реализира во кредитен аранжман со Европската банка за обнова и развој (ЕБОР).

– Најповолен понудувач на меѓународниот тендер е конзорциумот на компаниите: „Елнос“ од Србија и „Кончар – мерни трансформатори“ од Хрватска. По тој повод договорот за набавка денеска во Скопје го склучија Ацо Ристески, член на Управниот одбор и директор на подружницата Оператор на преносна мрежа во МЕПСО, Жарко Рончевиќ, директор за продажба во „Елнос“ и Анте Рогозина, претседател на Управниот одбор на „Кончар – мерни трансформатори“. Вредноста на договорот е 1,87 милиони евра, соопшти МЕПСО.

Со овој договор, прецизираат од компанијата, се врши набавка на прекинувачи, раставувачи, мерни трансформатори и одводници за пренапони кои ќе бидат инсталирани во 400 киловолтната и 110 киловолтната преносна мрежа на АД МЕПСО.

– Ова е прва од низата компоненти од проектот за ревитализација и за модернизација на преносната мрежа што опфаќа: реконструкција на далекуводи, набавка и имплементацијата на опремата и софтверските аликации за видео надзор над електоренергетските објекти, набавка и инсталација на системи за напојување, заштита и управување како и замена на старо земјоводно јаже со ново OPWG јаже со интегрирани оптички влакна за пренос на податоци, потенцираат од АД МЕПСО.

Би можело да ве интересира

АД МЕПСО ги прекинува сите видови на донации и спонзорства до крајот на оваа година

Петрушевски: МЕПСО под СДС и ДУИ дало согласност за авансна исплата од 1.8 милиони евра на фирма која 5 години нема никаков приход

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Директор во МЕПСО од СДС и ДУИ претходно бил управител во Шанси инвест од Албанија која добила 10 милионски тендер

Катерина Ѓуровски

ВМРО – ДПМНЕ: Обвинителството да отвори предмет за сомнежите за криминал во МЕПСО

Реакција од МЕПСО: Во голема паника, ДУИ вeќе почна да ги напаѓа кадрите на Зијадин Села

Директорот на МЕПСО кој му е братучед на Изет Меџити потроши 15.000 евра за цвеќе тврди ДУИ

Катерина Ѓуровски