„Oва писмо нема да го започнам по теркот на формалниот протокол како што се очекува кога треба да се обратиме до актуелна влада или вработени (министри) без право на глас во истоимената дружина…. Но, со сета огромна почит и загриженост ви се обраќам вам пријатели, познаници, другари, другарки, роднини, сопартијци и сите граѓани кои живеат во нашата држава.
Драги сограѓани, не можам, а да не прозборам гласно за проблемите со кои се соочуваат моите и вашите сограѓани од турската националност во институциите на системот! Дали е вистина и зошто ?
Во Македонското радио е пристигната нова техничка опрема, но, реалноста да е по сурова, само колегите од турската редакција не можат да се здобијат со правото на новата опрема. На ова прашање, вработени добиваат одговор: „Барајте си во ТИКА (Турска Интернационална Агенција за Соработка и Развој ), тие нека ви дадат нова опрема”.
Изградбата на турскиот театар е во застој поради фактот: “Од нас толку, сега треба Р. Турција да даде пари за понатамошна изведба на Турскиот театар”.
Турската редакција во МРТВ веќе години назад се соочува со огромни тешкотии на нормално професионално функционирање! Програмата е намалена за речиси 80 отсто од техничката и друга опрема, исто така, донација од ТИКА (Турска Интернационална Агенција за Соработка и Развој).
Образованието на сите граѓани е во целосен колапс. Во многу средини, иако е загарантирано право по Устав да се посетува настава на турски јазик, криминалната структура предводена од ДПМНЕ- ТДП (турска демократска партија) веќе долги години работи на изумирање на турската традиција, култура и нација.
Гласноговорниците на овој режим константно упатуваат фашизоидни пораки и навреди до Турците во Македонија, а системот храбро ги брани, додека на наши сограѓани им се суди за „тегла АЈВАР”.
Турците во Македонија заслужуваат да имаат еднакви права со останатите граѓани во нашата заедничка татковинa.
Јас, Един Јакуповиќ, јавно го кревам гласот и се спротиставувам на овој режим! Да се спротиставиме на врхушката предводена од ТДП (турска демократска партија – ДПМНЕ).
Сите заедно да го кренеме гласот против овој режим и диктатура!
Един Јакуповиќ