Спасовски: МВР ќе гарантира дека изборите ќе бидат фер и демократски, граѓаните ќе одлучуваат по своја волја

Од:

Македонското општество има капацитет да спроведе фер и демократски избори, а МВР ќе го даде целиот свој придонес за граѓаните без притисоци, самостојно, да ја донесат одлуката кому ќе му го дадат својот глас.

Ова го изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски при денешната посета на општина Куманово. Министерот Спасовски заедно со заменикот на претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Арбр Адеми и амбасадорот на Франција, Кристиан Тимоние денеска ја посетија општина Куманово, каде имаа средба со градоначалникот Зоран Дамјановски.

„Овде во Куманово, во градот што претставува Македонија во мало, разговараме за иднината и на општината, но и на Република Македонија. Ова е многу сензитивен период за државата, период во кој сите ние, не само декларативно, мора да одработиме суштински во воспоставувањето на услови за фер и демократски избори и да овозможиме граѓаните на Република Македонија самостојно, без притисоци, да ја донесат одлуката на престојните избори на 11 декември. Граѓаните имаат сериозна можност да донесат вистинска одлука на 11 декември . Министерството за внатрешни работи ги направи сите можни активности кои што ќе значат гаранција за фер и демократски, кредибилен изборен процес и самиот ден на изборите и очекувам дека 11 декември ќе биде денот на кој ќе се случат вистински промени на подобро за иднината на оваа држава“, рече министерот Спасовски.

Би можело да ве интересира

Се појавија лажни пораки, наводно испратени од „Безбеден град“ – МВР апелира да не се споделуваат лични податоци

А1он

МВР распиша меѓународна потерница за Саит Саитов, момчето кое усмрти жена во Капиштец

А1он

МВР: Искршено е стаклото на влезната врата од Амбасадата на Република Бугарија

(ВИДЕО) МВР со засилени мерки против употребата на пиротехнички средства

А1он

ВИДЕО: Петардите не се играчка, оставаат последици и строго се забранети, предупредува МВР

Прекршочна постапка против градоначалникот на Струга за неупотреба на државното знаме