Металург попушти, ќе игра во 16 часот

Од:

Разрешена е сагата со термините на одигрувањето на двата меѓународни меча на македонскиот ракометен и кошаркарски шампион, Металург и МЗТ Скопје, кои се закажани за в сабота.

Откако се појави проблем околу организацијата, бидејќи и дуелот од ракометната Лига на шампиони, и оној во Јадранската АБА лига требаше да се одиграат со блиски термини во исти ден, најдено е решение.

Металург наместо од 18 часот, средбата против Шамбери ќе ја стартува во 16 часот, додека почетокот на мечот на МЗТ Скопје против Шолнок останува ист, од 20:30 часот.

Од таборот на Металург ги повикуваат љубителите на ракометот да го исполнат спортскиот центар „Борис Трајковски“ и сите заедно да се радуваме на уште една победа во Лига на шампионите за успешен крај на 2012 година.

Влезниците за овој меч ќе се пуштат во продажба утре со почеток во 16 часот преку ексклузивниот дистрибутер „Тобако“, а нивната цена е иста како и за претходните домашни дуели: 100, 150 и 200 денари.

Поради огромниот интерес и за овој натпревар, Металург повторно воведува ограничување во продажбата од четири влезници по човек.

Би можело да ве интересира

Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Предраг Петровиќ

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ