Дел од корисниците од сервисната зона Југ во општина Кисела Вода утре од 8 часот ќе останат без вода за пиење. Во истиот период без вода ќе бидат и корисниците во близина на плоштадот „Македонија“ во општина Центар.
Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, причина за прекинот во водоснабдувањето во Кисела Вода е замена на четири шибери со пречник од 150 милиметри на крстосницата меѓу булеварите „Борис Трајковски„ и „Србија“, а во Центар изведување водоводен приклучок со пречник од 150 милиметри на потегот од плоштадот „Македонија“ до МЕПСО.
Прекинот во водоснабдувањето ќе трае се додека екипите на ЈП Водовод и канализација не завршат со работата.