ХРВ: На Саудиска Арабија и Русија не им е местото во Советот за човекови права на ОН

Од:

Организацијата „Хјуман рајтс воч” денеска оцени дека кандидатурите на Саудиска Арабија и Русија за членство во Советот за човекови права на ОН се компромитирани од нивните активности во Јемен, односно во Сирија, каде тие се обвинувани за напади врз цивили.

Според „Хјуман рајтс воч” кандидатурите на Саудиска Арабија и Русија се закануваат да ја поткопаат довербата во главниот орган на ОН за човекови права и неговата способност да бара одговорност од сторителите.

Претходно „Хјуман рајтс воч” и „Амнести интернешенел” повикаа на Саудиска Арабија привремено да не и биде дозволен прием во Советот за човекови права на ОН поради незаконски напади врз цивили во Јемен, каде од март 2015 година загинале или се повредени над 11.000 мирни жители.

Русија е обвинета за нанесување воздушни напади во Сирија, при што се убиени и ранети повеќе цивили.

Организацијата, исто така, сигнализира против кандидатурите на Кина и Египет поради лошото претставување во областа на човековите права.

Генералното собрание на ОН ќе спроведе избори за 47-члениот Совет за човекови права на 28 октомври.

Би можело да ве интересира

ЕУ увезува руска нафта преку турските пристаништа

ЕУ: Русија да ги заборави замрзнатите средства и по укинувањето на санкциите

Седум лица загинаа, а осум се повредени во пожар во московскиот регион

ФСБ уапси две лица кои подготвувале терористички напад во Русија

Горан Наумовски

Под обвинение за примање мито уапсен e генерал на руската армија

Рјабков: Тврдењата на Пентагон за руско лансирање антисателитско оружје се лажни