Во Битола утврдени локациите за изборно рекламирање

Од:

Советот на општина Битола донесе одлука со која се утврдуваат местата на кои ќе биде дозволено да се истакнуваат изборни плакати за избор на пратеници во Собранието на Република Македонија.

Изборните плакати без надоместок ќе биде дозволено да се истакнуваат на 20 најфрекфентни локации, улици, населби и објекти во градот, а организаторите на изборната кампања ќе можат да поставуваат свои подвижни паноа со залепени плакати распоредени во линија под услов да не се попречува видикот на другите паноа.

Од општинскиот Совет информираат дека за претстојните вонредни парламентарни избори, без надоместок, изборни плакати можат да се истакнуваат на електрични столбови на висина над три метри и на станбени или други приватни објекти, со претходна согласност од сопственикот на објектот.

– Не се дозволува лепење плакати на објекти и фасади под заштита, односно на културно-историски споменици, спомен обележја и бисти, телефонски и електрични кабли, како и на столбови од светлосна сигнализација-семафори. Дополнителните места за истакнување изборни плакати со надоместок ќе се утврдуваат врз основа на барање од организаторот на изборната кампања по претходна согласност на Одделението за комунални работи и уредување на градежното земјиште. Организаторите на изборната кампања, во рок од 30 дена по завршувањето на изборите должни се да ги отстранат своите паноа и плакати од објектите и просторот, информира општината.

Општинските советници донесоа одлука и за начинот на користење на просториите во домовите на урбаните и месните заедници за организирање предизборни собири.

Би можело да ве интересира

Венс за претседателската трка во 2028 година: Не се сомневам дека Трамп ќе ја поддржи мојата одлука

Силувано е 12 годишно девојче во Битола – ОЈО води истрага за 36 годишник

А1он

Безживотно тело на битолчанец извлечено од реката Драгор

Поплавени улици во Битола по обилниот дожд во градот

Изборните реформи влегуваат во завршна фаза

Обвинителството започна истрага за грозоморното убиство во Битола