Примена на GS1 стандардите во текстилната индустрија

Од:

Помали трошоци, подобри транспортни и логистички операции, залихи на оптимално ниво, поголема продажба и извозот, се бенефитите од воведувањето на GS1 стандардите во текстилната индустрија.

Нивната примена ќе биде презентирана денеска во Стопанската комора на Македонија, на семинарот „Со GS1 стандардите до зголемена конкурентност  на македонската текстилна индустрија“.

Презентацијата организирана првпат во Македонија, во соработка со GS1 Македонија, е можност компаниите од текстилната индустрија да се запознаат со најновите трендови во означувањето на производите кои имаат влијание на подобрување на деловните процеси и модели, како и со новите техники и технологии во глобалната трговска размена и водењето на бизнисот во светот.

Предавач на семинарот ќе биде Маркус Милер, германски експерт со долгогодишно практично искуство во најголемите текстилни брендови. Милер од оваа година е вработен во Меѓународната  организација GS1 AISBL – GS1 Global Office во Брисел, како директор за индустриски развој во делот за текстил и производи за широка потрошувачка.

Би можело да ве интересира

„Гласен текстилец“ со отворено писмо од македонските пратеници бара да се донесе петтиот сет мерки

Ана Ололовска

Текстилниот сектор пред колапс, работниците на принуден одмор, се чека петтиот сет мерки

Катерина Ѓуровски

Текстилците најавуваат до 20 отсто отпуштања ако не ја добијат навреме поддршката за плати

Ана Ололовска

Хелсиншки и Гласен текстилец бараат фабриките да не работат за време на полицискиот час

Ана Ололовска

Ангеловска: Извозот на заштитна опрема е речиси 300 отсто поголем во април, да се гордееме со домашните текстилни компании

Ана Ололовска

Најдобрите времиња на Комбинатот „Тетекс“ во државна сопственост

Драган Поповски