Со двата натпревари во кои Ференцварош ја победи екипата на Астраханочка, односно тимот на Есбјерг славеше на гостувањето кај Савенхоф комплетирано е 2.коло во женската ракометна Лига на шампиони.
Унгарскиот тим Ференцварош ја совлада руската екипа Астраханочка со 32:23 во меч од Б групата во кој настапува и македонскиот шампиони ЖРК Вардар кој во ова коло беше убедлив во дуелот со Лајпциг кој го совлада со 41:24.
На табелата во оваа конкуренција со по три освоени бодови водеќки се ЖРК Вардар и Ференцварош, додека следниот противник на вардарки Астраханочка има 2 бода, а Лајпциг е последен без освоен бод.
Во останатите три групи:
А група:– Мец – Турингер 25:18 и Гласверкет – Будуќност 23:30.
Табела: Будуќност 4 бодови, Мец 2, Турингер 2 и Гласверкет 0.
Ц група: Мидтнјиланд – СЦМ Букурешт 24:21 и Ростов Дон – Ѓер 27:28.
Табела: Ѓер 4, ЦСМ Букурешт 2, Митјиланд 2, Ростов 0.
Д група: Крим Меркатор – Ларвик 24:22 и Савенхоф – Есбјерг 20:25.
Табела: Есбјерг 4, Савенхоф 2, Крим Меркатор 2 и Ларвик 0.