Французинот Алексис Пинтуро победи на денешниот велеслалом што се возеше во австрискиот ски центар Зелден. Тој во двете трки имаше најдобри времиња и победи со вкупен резултат – 2:14.01 минути. Ова беше првата трка од новата сезона во Светскиот куп за мажи.
Второто место му припадна на Марсел Хиршер од Австрија, кој имаше заостанување од 70 стотинки, а третото место го освои Феликс Нојројтер од Германија, кој заостана 1.37 секунда зад победникот.
Со денешната победа Пинтуро поведе во генералниот пласман со 100 бодови, додека Хиршер има 80, а Нојројтер 60.
Следната трка (слалом) од Свесткиот куп се вози во финскиот град Леви на 13.ноември.