А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Кривична пријава против скопјанец за улична продажба на марихуана

by А1он23/10/2016 - 16:0262
Share0

Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје поднесе кривична пријава до Основно јавно обвинителство-Скопје против скопјанецот М.С. (39) за неовластена набавка на наркотична дрога, марихуана и нејзина улична продажба на уживатели од Скопје.

Следете a1on на Instagram Instagram

Како што информира денеск МВР, Судија на претходна постапка на пријавениот му изрече мерка притвор во траење од 30 денови, за „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

Пријавениот, кој досега петпати е пријавуван за недозволена трговија со марихуана,  во текот на октомври годинава, од засега непознати лица набавил поголема количина на марихуана, која препакувана за улична продажба ја чувал во својот дом во населба Маџари.

Единицата за недозволена трговија, по добиеното сознание дека препакуваната дрога почнал да ја продава на уживатели од Скопје, превзеде опсежни мерки и активности за потврдување на сознанието и обезбедување на материјални докази.

Следете a1on на Youtube YouTube

Осомничениот на 18. месецов, е забележан и легитимиран од полициски службеници во населба Маџари, при што кај него се пронајдени и одземени три полиетиленски паковки со марихуана спакувани во една поголема полиетиленска зипер кесичка. Пријавениот е приведен, а со наредба од Судија на претходна постапка истиот ден во неговиот дом е извршен претрес, при што се пронајдени и одземени една полиетиленска паковка и една кеса со марихуана со вкупна нето маса од 50,02 грама марихуана.

mvr

Би можело да ве интересира

Кривична за криминалците кои одземаа пиштол од полицаец, фрлија кеса со марихуана и бегаа по автопат

А1он14/10/2026 - 18:3314/10/2026 - 19:04

Aкција на МВР и ФБИ: Разбиен нелегален онлајн пазар за продажба на украдени податоци

Горан Наумовски14/10/2026 - 16:00

МВР: Ива Михаилова нема евидентиран излез од Македонија и влез во Бугарија

Горан Наумовски12/10/2026 - 13:5412/10/2026 - 15:16

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски09/10/2026 - 11:4709/10/2026 - 14:27

Казна за возачот кој со 203 км. на час „леташе“ на автопатот Скопје – Свети Николе

А1он08/10/2026 - 08:3608/10/2026 - 08:37

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Катерина Ѓуровски05/10/2026 - 15:29
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео