Раст од 1% на британската економија во третиот квартал годинава

Од:

Британската економија забележа раст од еден отсто, во третиот квартал од оваа година, покжуваат најновите податоци на Националното биро за статистика. Растот на домашната економија во текот на летото се означува како „изненадување“ и доаѓа по деветмесечниот период на рецесија, јави дописникот на МИА од Лондон.

Претходните анализи навестуваа натамошен пад на британската економија, или стагнација, што ќе значеше одржување на повторената рецесија, но податоците откриваат дека во текот на летото дошло до подобрување во економското работење, најмногу како резултат на одржувањето на Олимписките Игри во Лондон.

Во периодот јули, до септември има раст во секторот на услугите од 1,3 отсто, како и зголемување на потрошувачката од 0,6 отсто. Индустриското производство бележи раст од 0.9 отсто, иако тоа е намалено во споредба со претхониот период, кога имаше раст од 1,1 отсто.

Економскиот раст на годишно ниво и натаму останува незначителен, затоа што во споредба со третиот квартал во минатата година, годинешниов раст изнесува само 0,1 отсто. Експерти во лондонски Сити предупредуваат дека нема место за радување и релаксација, затоа што податоците за следниот, последен квартал во оваа година, може одново да го намалат растот во домашната економија и да покажат дека добрите перфоманси на економијата на Велика Британија, во текот на летото, биле привремени.

Би можело да ве интересира

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските

Три жени ранети во престрелка во Англија

Англија ја совлада Ирска

Мал авион се урна во индустриска зона во Честерфилд

Моторна едрилица се урна на сред пат: Пилотот и патникот преживеаја

(ВИДЕО) Ескалира насилството во Британија: Ќе залажите за ова екстремно десничарко насилство