Ристовски: Граѓаните се нашиот најсилен сојузник

Од:

Членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и заменик-министер за образование и наука Спиро Ристовски денеска беше на средба со граѓаните во Кичево.

– При денешната посета во општина Кичево ќе оствариме поголем број средби со нашето членство, со нашите поддржувачи во поглед на целокупните активности коишто во изминатиот период како политичка партија ги реализиравме преку Владата на Република Македонија, а истовремено да поразговараме за сето она што се приоритети во делот на процесите коишто треба да продолжат за следниот период и се поврзани на централно, но и на локално со развојот на оваа општина, рече Ристовски.

ВМРО-ДПМНЕ, како што истакна, ќе продолжи и понатаму на вакви директни и непосредни средби и разговори со граѓаните да ги позиционира своите активности за следниот период и за следниот мандат. – Така во исто време и на еден начин ќе ги пренесеме сите размислувања коишто ги имаме во делот на продолжување на реформите во образованието, во земјоделието, во здравството, во економијата генерално и целокупниот економски раст на РМ, рече тој.

Би можело да ве интересира

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник