Судири меѓу тинејџери и полицијата во Каиро

Од:

Демонстранти, главно тинејџери, се судрија денеска со полицијата на плоштадот „Тахрир“ во Каиро, пред одржувањето на големиот протест против декретот на исламистичкиот претседател Мохамед Морси, кој себеси си даде прешироки овластувања.

Во близина на американската амбасада, тинејџерите фрлале камења врз полицијата која возвратила со солзавец.

Во другите делови на египетскиот главен град денеска е мирно, неколку училишта се затворени, иако Министерството за образование соопшти дека училиштата и факултетите нормално ќе функционираат.

Се очекуква присуство на голем број луѓе по завршувањето на работното време на плоштадот „Тахрир“, средиште на бунтот пред две години против поранешниот египетски претседател Хосниј Мубарак.

Повикот на протести упатен е во неколку поголеми провинции.

Демонстрантите соопштија дека нема да се повлечат од плоштадот „Тахрир“ се додека декретот во целост не се повлече.

Би можело да ве интересира

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет

Железничка несреќа во Египет, има загинати и повредени

Египет упати апел до своите авиокомпаниите: Избегнувајте го воздушниот простор на Иран утре наутро

Египет бара формирање независна држава Палестина

Ирак испраќа танкер со гориво во Египет за да и помогне на Газа

Горан Наумовски