Деветнаесет жртви при уривање на руски хеликоптер во Сибир

Од:

 Најмалку 19 лица загинаа, а тројца се здобија со тешки повреди при хеликоптерска несреќа Ми-8 на полуостровот Јамал во северозападен Сибир во текот на изминатата ноќ, соопштија истражните органи, пренесува ТАСС.

Хеликоптерот на авиокомпанијата „Скол” се урна при принудно слетување на 80 километри од Новиј Уренгој. Хеликоптерот извршувал лет од Сузунското наоѓалиште во Краснојарскиот регион до Новиј Уренгој во Јамало-Ненецкиот автономен округ.

Во леталото имало 22 лица. Од прес-службата на „Роснефт” прецизираа дека хеликоптерот превезувал соработници на компанијата. Претставник на Министерството за вонредни ситуации на Русија соопшти дека еден од тешко повредените е транспортиран со хеликоптер до Новоуренгојската градска болница, а двајца се во болница во населбата Новозаполјарниј.

Во потрагата биле вклучени 140 спасувачи и 20 единици техника. Сигналот за несреќата бил добиен вчера во 18:57 часот.

Инспекторите работат на три верзии – прекршување на правилата за безбедност, дефект на техниката и неповолни метеоролошки услови.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Во Сибир -50 степени, Москва беше затрупана од рекорден снег за овој период од годината

Во најстудениот град во светот е минус 50 степени

Во село во Јакутија температурата се спуштила до минус 61 Целзиусов степен

Ана Ололовска

ВИДЕО: Пожар во рафинерија во Сибир, двајца загинати

Најмалку 10 загинати во пожарите во Сибир – ги шири силниот ветар

Ана Ололовска

Разорни пожари во Сибир, има загинати

Ана Ололовска