Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во август годинава изнесува 22.294 денари, и во однос на август лани е зголемена за 1,9 отсто, објави денеска Државниот завод за статистика.
Зголемувањето се должи, пред сѐ, на повисоката просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: градежништво, за 10,1 процент, административни и помошни услужни дејности, за 6,6 проценти и преработувачка индустрија за 4,3 проценти.
Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е регистрирано во секторите: информации и комуникации за три проценти, преработувачка индустрија за 2,2 проценти и трговија на големо и трговија на мало и поправка на моторни возила и мотоцикли за 0,9 проценти.
Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во август годинава изнесувала 32.789 денари, а 1,2 процента од вработените во Македонија не примиле плата.