Се оплеменува просторот околу Спомен костурницата во Неготино

Од:

Се оплеменува просторот околу Спомен костурницата во Неготино на површина од четири хектари, информираше денеска неготинскиот градоначалник Ванчо Апостолов и појасни дека проектот се реализира заедно со Вардарскиот плански регион, Бирото за регионален развој и Министерството за локална самоуправа, а инвестицијата чини четири милиони денари.

– Ќе бидат вградени неколку содржини. Во долниот дел ќе има фонтана и амфитеатар, а на горниот дел околу спомен костурницата ќе има неколку спортски содржини. Едно игралиште за одбојка на песок, игралиште за кошарка и простор за шах, таму  сите заинтересирани ќе имаат прилика да се рекреираат. Ќе има и клупи покрај просторот за трчање, друга урбана опрема и реквизити за најмладите, соопшти Апостолов.

Според него во зависност од временските услови до крајот на годината би требало комплетно да се завршат земјените работи кои се дел од овој проект.

-За Неготино оваа голема зелена паркова површина ќе значи многу, бидејќи токму овде граѓаните ќе можат да поминат дел од слободното време, нагласи градоначалникот.

Би можело да ве интересира

Заматена водата за пиење во Кавадарци и Неготино поради дождовите, потребно е да се преврива

Возач усмрти куче во Неготино кое поминуваше на улица со кавадарчанка и нејзината малолетна ќерка

Горан Наумовски

27-годишен маж од Неготино ја истепа 19-годишната невенчана сопруга

Горан Наумовски

Инцидент близу Неготино: 26-годишник е тешко повреден во несреќен случај

ВИДЕО: Изгоре куќа во пожар во Неготино

Катерина Ѓуровски

Семејна драма: Син осомничен дека се закануваше на својот татко