Меј: Велика Британија ќе има целосна улога до излегувањето од ЕУ

Од:

Велика Британија ќе ја сочува целосната улога во Европска унија до излегување од Унијата, а потоа ќе биде надежен партнер, изјави британската премиерка Тереза Меј по пристигнувањето на седница на Европскиот совет во Брисел.

– Обединетото кралство излегува од ЕУ, но ние ќе продлжима да имаме целосна улога до излегувањето и ќе бидеме силен и надежен партнер, откако ќе бидеме надвор од Унијата, истакна Меј.

Таа наведе и дека лидерите на ЕУ треба да демонстрираат категоричен и единствен став „пред лицето на руската агресија“. Меј додаде дека на дневен ред на средбата во Брисел ја поставила дискусијата за руските акции во Сирија.

– Треба да продолжиме да работиме заедно, тоа е исклучително важно, да се изврши притисок врз Русија да ги прекине ужасните ѕверства, одвратните ѕверства во Сирија, посочи Меј.

Би можело да ве интересира

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските

Три жени ранети во престрелка во Англија

Англија ја совлада Ирска

Мал авион се урна во индустриска зона во Честерфилд

Моторна едрилица се урна на сред пат: Пилотот и патникот преживеаја

(ВИДЕО) Ескалира насилството во Британија: Ќе залажите за ова екстремно десничарко насилство