Спасовски и полскиот амбасадор разговараа за мигрантската криза и изборите

Од:

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска се сретна со полскиот амбасадор Јацек Мултановски со кого разговараше за мигрантската криза и за улогата на Министерството за внатрешни работи во обезбедувањето на фер и демократски избори.

Министерството за внатрешни работи информираше дека министерот Спасовски изразил благодарност за досегашната помош и поддршка од страна на Полска, особено во справувањето со мигрантската криза.

Амбасадорот Мултановски го информирал министерот Спасовски за одлуката за продолжување на активностите на 30 полски полициски службеници на македонско-грчката граница кои и помагаат на македонската полиција во справувањето со мигрантите.

Би можело да ве интересира

Од 15 ноември задолжителна е зимска опрема, потсетува МВР

Лажни покани за истрага во име на директорот на БЈБ, МВР предупредува граѓаните да не отвараат

Сообраќајка на патот Прилеп – Росоман, двајца загинати

А1он

Наставничка сликала разговори на колешка за да ги покаже на директорката

За четири дена уапсени се 12 пијани возачи во Македонија

А1он

МВР: Лажни се пријавите за поставени бомби во училишта во Скопје и Куманово

Горан Наумовски